Не би го прочитал овој едиторијал пред неколку години. Тогаш не би читал уреднички текстови, воведи, белешки од авторот… Секогаш бев премногу нестрплив да скокнам директно во статијата што сакав да ја прочитам. Мислам, зошто да читам за тоа што се случува зад сцената?
Со текот на времето и искуството, светот околу нас се менува, а се менуваме и ние. Сега сум сè повеќе љубопитен да читам и да разберам што се крие зад сцената, или како што велиме кај нас во Словачка: „да се види внатрешноста на кујната“.
Драгоцено е да се можат да се запознаат луѓето во позадина на делото. Зошто пишувале? Што сакале да постигнат? Кои се тие?
Не само тоа, гледањето „внатре во „кујната“ ни овозможува да го видиме трудот, времето и енергијата на оние што стојат зад неа. Зборувајќи за „ВОИСЕС“, и овој месец има прекрасни „готвачи“. Обидувајќи се да подготват нешто значајно, да пробаат нови работи, да се нурнат во своите пасии, да размислуваат и да откриваат… Тоа е скапоцен простор, мал рез во времето кој ќе биде за мене и за сите други што придонесуваат за овој магазин. Ќе нè потсети каде сме биле и по кој пат сме оделе.
Па, ако и натаму сте тука, се надевам дека ќе уживате во она што го „зготвивме“ за вас и можеби ќе одвоите еден момент да ги цените тие што во позадината. И не само тоа, можеби ќе го цените и овој едиторијал и вложениот труд.
Уживајте!
Борис Биелик
