Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество во два долгорочни ЕСК проекти “Volunteering in a Waldorf school” и “Volunteering at a Cultural Center Schlachthof” во Германија.
Место: Бремен, Германија
За проектите:
1. Волонтирање во послешколски активности во училиштето „Валдорф“ (2 волонтери)
Датуми: 07.09.2026 – 31.08.2027 или 19.10.2026 – 30.09.2027
Заеднички задачи:
- Помагање на тимот во часовите по училиште, што вклучува поддршка за домашни задачи, играње со децата, организирање на просторот и надзор на децата (возраст 6-10 години)
- Развивање на сопствени идеи за послешколски активности со децата
- Организирање мали локални проекти за заедницата, заедно со другите 15 ЕСК-волонтери во Бремен
Волонтер #1:
- Поддршка на планирањето и спроведувањето на училишни настани (концерти, театарски претстави…)
- Поддршка на учениците во ИТ-областа
- Поддршка на медиумски проекти
- Помагање на училишниот тим при креирањето Инстаграм и други профили на социјалните медиуми, како и помагање со веб-страницата доколку е потребно
Волонтер #2:
- Поддршка во училишната градина и дизајн на училишниот двор
- Поддршка со рачни изработки и обработка на дрво
Повеќе информации и формулар за апликација: ЛИНК
2. Волонтирање во Културен Центар „Шлахтоф“ (1 волонтер)
Датуми: 07.09.2026 – 31.08.2027
Задачи:
- Членство во тимот на Medienwerkstatt, поддршка на нивните работилници и продукција на видеа, аудио-снимки и управување со проекти
- Помагање со театарските работилници за многу мали деца и млади
- Помагање во организацијата на бенд-кампови за постари деца од различни делови на градот
- Учество во уредничкиот тим на списанието издадено од културниот центар
- Учество во работата зад сцената на настаните (помагање на билетарницата и информативниот шалтер, логистиката зад сцената, промотивните материјали…)
- Снимање фотографии и видеа за време на настаните и организирање на видливоста на Инстаграм и другите социјални медиуми
- Смислување сопствени идеи за мали настани, работилници, изложби, …
Повеќе информации и формулар за апликација: ЛИНК
Партнер на проектот: NaturKultur
Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС +, така што сите патни трошоци (до 309 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.
Краен рок за аплицирање: 12.04.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
