Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „Paide Youth Team” во Естонија.
Место: Пајде, Естонија
Датум: 09.08 – 24.08.2026 (16 денови)
За проектот:
Волонтерите ќе помагаат при одржување и поправки на игралишта, гробишта и младински центри. Исто така, ќе имате можност да учествувате во подготовката и водењето на социјални и културни активности за локалното население. Работниот ден е околу 5-6 часа. Викендите се слободни. Работата ќе се извршува под надзор на локални младински работници и заедно со група локални млади кои ќе се приклучат на кампот за заедничка работа и во слободното време.
За повеќе информации: ИНФОПАКОТ
Партнер на проектот: EstYES
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.
Како да се пријавите?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 22.03.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
