Волонтерски Центар Скопје бара 2 младински работници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “Play & Go Green” во Шпанија.
Место: Молина, Шпанија
Датум: 22.04 – 28.04.2026
За проектот:
Целта на обуката: „Play & Go Green” е да ги опреми младинските работници со иновативни методологии во еко и социјалното претприемништво преку гејмификација и учење базирано на игри. Обуката ќе го зајакне нивниот капацитет за поддршка на младите луѓе во развивањето на претприемачки компетенции усогласени со одржливоста, социјалното влијание и рамката „EntreComp“.
За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: Asociación Europa 2020
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (395 €) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 15.03.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
