You are currently viewing Повик за волонтер во Словенија!

Повик за волонтер во Словенија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на краткорочниот ЕСК-проект под наслов „Compass“ во Словенија.

Место: Бегуње на Горењскем, Словенија
Период: 27.04 – 21.06.2026 (56 денови)

За проектот:

Организацијата им нуди можност на волонтерите да учествуваат во многу значајни активности во заедницата. Волонтерите поминуваат време со млади луѓе преку работилници, игри, спорт и активности на отворено, ги поддржуваат еколошките фарми и локалните семејства со практична работа и се дружат со луѓе со интелектуална и физичка попреченост. Покрај тоа, волонтерите асистираат на локални фестивали и настани во заедницата, посетуваат засолништа за животни, помагаат за време на инклузивни планински прошетки и учествуваат во други активности што ја поддржуваат и зајакнуваат локалната заедница.

Повеќе информацииИнфопакетот

Проектен партнер: Zavod Manipura

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 309 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 15.03.2026

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.