Здраво! Јас сум Луна, имам 22 години и доаѓам од Франција.
Откако студирав француски јазик и филозофија во Монпелје, сакав да ја сменам мојата околина и да откријам страна од животот што сè уште не сум ја доживеала. Сакав да откријам нови места и ново јас.
Слушнав за волонтирање и идејата ми се чинеше соодветна. Луѓето често велат дека патувањето ги обликува младите луѓе, а јас мислам дека тоа е најдобриот начин да се разбере светот и животот.
Македонија беше земја за која никогаш не сум слушнала, или само многу малку и кратко, но како што дознавав повеќе за неа, открив за богатата историја, а нејзината културна мешавина многу интересна.
Сакам да откривам нови работи, да бидам спонтана, да слушам музика и да запознавам луѓе.
Значи, можноста да патувам далеку од дома во таков космополитски град беше можност што не треба да се пропушти.
Навистина се радувам што ќе ги поминам следните три месеци со другите волонтери, кои веќе ги сакам, и тимот на ВЦС, кој беше најљубезен на свет.
Луна Серано
Организација-испраќач: I.PEICC
