You are currently viewing Повик за волонтери во Словенија!

Повик за волонтери во Словенија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов: “ESC opportunities in Ljubljana” во Словенија.

Место: Љубљана, Словенија
Почеток: септември 2025 или ноември 2025 (12 месеци)

Повеќе за проектот:

1. ЕСК во Волонтерски институт

улога = Административна и графичка поддршка
времетраење = од ноември 2025 до ноември 2026 година
инфопакот
формулар за апликација

2. ЕСК во градинка д-р Франце Прешерен
улога = Асистент во градинка
времетраење = од средината на септември 2025 до 31 август 2026 година
3. ЕСК во Јавниот институт Young Dragons
улога = Асистент во Младински центар
времетраење = од 1 септември 2025 до 31 август 2026


Организација-домаќин:
Zavod Voluntariat

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Пополнете го формуларот за апликација за конкретниот проект од трите споменати погоре.
  4. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 15.07.2025

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.