You are currently viewing Добредојде за Маике од Германија!

Добредојде за Маике од Германија!

Здраво 🙂 Јас сум Маике и доаѓам од Бон во Германија.

Неодамна завршив средно училиште, но пред да одам на универзитет каде планирам да студирам интердисциплинарни науки, сакав да стекнам нови искуства, особено интеркултурни, интерперсонални и лични, како и да научам работи надвор од училиштето. Па, тоа е она што ме доведе до ВЦС и Скопје 🙂

Како личност, сакам да бидам активна и да правам различни нешта, но и да не правам ништо, туку само да се релаксирам или да бидам креативна. Сакам да бидам надвор во природа, да пешачам, да трчам или да се разладувам (можеби со добра книга). Исто така, танцувањето е мое големо хоби. Кога зборуваме за мојата креативна страна – правам се што асоцира на рачна изработка како плетење или хеклање. Како што можеби забележавте, практикувам многу различни видови на хоби, затоа што сум човек со отворен ум и сакам да искусувам нови работи. За себе би можела да кажам дека преферирам да правам помалку (но, поквалитетни) работи. Уживам да бидам со пријателите, па се надевам дека ќе стекнам нови.

Во ВЦС сакам да научам многу работи и навистина сум љубопитна за она што ми следува. Се надевам дека ќе можам да ги подобрам моите вештини за пишување, за работа на социјалните медиуми, за креирање работилници и да остварам позитивно влијание врз заедницата.

Јас сум некој што претерано размислува, така што моја лична цел во врска со волонтирањето е да ги оставам работите сами да течат и да се забавувам додека учам и напредувам.

Сакам да истражувам нови работи, па се надевам дека ќе можам да видам што е можно повеќе од Македонија и воопшто од Балканот, како и да запознам нови и интересни луѓе. Ме интересира македонската култура и со нетрпение очекувам да дознаам повеќе за неа. Со само неколкуте места што ги истражив во изминатите два-три дена откако сум тука, како и луѓето што ги запознав – можам да потврдам дека веќе ми се допаѓа градот и сигурна сум дека ќе се чувствувам како дома.

Маике Зојферт

Организација-испраќач: NaturKultur e.V.