You are currently viewing Повик за волонтери во Полска!

Повик за волонтери во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “ESC in Katowice” во Полска.

Место: Катовице, Полска
Датум: јануари/февруари 2025 (12 месеци)

Повеќе за проектот:
За времетраењето на проектот волонтерите ќе помагаат во организацијата и поддршка на локалните настани. Проектот вклучува и работа со млади луѓе и луѓе со попреченост, преку организирање работилници, часови по јазик или презентации. Главните области на проектот се: зајакнување на заедницата, поздрав живот и разубавување на градот. Волонтерите исто така, ќе помагаат при креирањето содржини, видеа, подкасти и присутност на социјалните медиуми.

За повеќе информации: Инфопакот

Организација-домаќин: Bona Fides

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 06.10.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.