Јас сум Леонид и оваа пролет имав можност да учествувам на обуката „Breaking the Cycle“ во езеро крајното село Даугирдишкеш во Литванија. Целта беше да се научиме повеќе за себеси, особено за нашите емоции и како да се справиме со нив на поздрав начин. Спремајќи се за на проектот, бев малку сомнителен за поентата на него. Одредени фактори како околината и начинот на кој се користеше мојата енергија ме натера да мислам дека ја замислувам јас целата моја емоционална вознемиреност, ме натера да мислам дека се е во ред и дека јас нема да добијам ништо од овој проект. Спојлер: Многу згрешив. Штотуку јас и Андријана, Македонката со која патував, пристигнавме во Вилнус, го истражувавме градот како и колку што можевме пред да тргнеме кон Тракаи. Бевме возбудени да ја запознаеме групата. Првиот впечаток беше неверојатен и чуството на удобност започна штотуку се качивме на автобусот и заедно отпатувавме до Даугирдишкеш.
Самото село и „комплексот“ од куќи што беа таму изгледаа одлично. Јас многу уживам во селата и амбиентот во кој бевме веќе ги промени моите чувства од сомнежи во возбуда. Ги запознавме и Лаура и Маја, кои беа прекрасни домаќини. Гледајќи назад сите денови ми се ко магла. Се сеќавам на нашите први впечатоци, исто така напорно се трудев да ги запомнам имињата на сите и се чувствувам како сè уште да ги памтам. Имаше различни видови успеси за време на овој проект. Главниот успех е реализацијата на самата цел на проект. Со секој ден и со секоја вежба, легнување и повторување – почна полека да клика све заедно. Се разбира, некои вежби беа поефикасни од другите. Би сакал да ја дадам најголемата чест за мојот напредок до вежбата кога Маја не научи за нашите потреби и за противречностите што може да ги предизвикаат.
Прво, никогаш не сум размислувал за емоциите на таков начин како нешто што ни треба,а камоли дека тие потреби можат да си противречат и да предизвикаат „проблеми“. Исто еден од поголемите успеси дојде кога Лаура им даде слобода на некои од нас да одржиме наши вежби каде еден соучесник од проектот, Маријам, организираше нешто како слепа исповед. На луѓето што сакаа да зборуваат седеа на подот, затворени очи, а слушателот седеше до него, водичот на вежбата поставуваше прашања чим слушателите бираат кого да го слушаат. Имаше 3 прашања. Бев говорник, со затворени очи. Ги поминав првите 2 прашања без мисла иако во ретроспектива тие беа многу потешки отколку што би сакал да признаам. Но третото прашање… „Ако помладата верзија од себе седеше токму сега пред тебе, што би му рекол?“. Нешто со тоа прашање, почувствував бран од емоции и пробав да се замислам себе си ко дете и да направам некаков вид на разговор, но полека само преминав кон солзи.
Тоа се случи во еден од последните денови и дефинитивно ги покажа моите размислувања пред проект како погрешни. Не ги ни спомнав прекрасните луѓе што ги запознав на овој проект. Сега јас имам луѓе што можам да ги наречам пријатели во толку многу земји и едвај чекам да ги сретнам повторно во мојата или нивната земја, да споделиме повеќе од нашите култури и сфаќања. Одржувам контакт со повеќето и јас би сакал да остане така.
Како заклучок, овој проект ни помогна да ја поминеме границата што повеќето се плашат да ја преминат. Тоа ни покажа дека помагањето на себе е одличен чекор за да можеш да им помогнеш на другите понатаму. моја најголема благодарност до Лаура и Маја за се што научив на овој проект и им благодарам исто така што собраа толку добра група на луѓе што сега можам да ги сметам за пријатели. Јас ќе засекогаш стојам како проповедник на преголемата потреба што е нашето сопствено ментално здравје.
Леонид Механджијски
Леонид го претставуваше Волонтерски Центар Скопје на обуката за проектот: „Breaking the cycle“ што се одржа во Даугирдишеш, Литванија од 22 до 30 мај 2024 година. Обуката беше организирана од организација: Generation Echo