You are currently viewing Повик за волонтер во Бугарија!

Повик за волонтер во Бугарија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект „Volunteer in University Library“ во Бугарија.

Место: Варна, Бугарија
Период:
почеток: август 2024 (9 месеци)

За проектот:

Како волонтер ќе ја поддржувате дигитализацијата на архивата на библиотеката, ќе ги водите корисниците, ќе помагате во организирањето и уредувањето на материјалите, ќе управувате со објавите на социјалните мрежи и ќе се вклучите во различни активности во библиотеката.

Повеќе информации: Тука / ИНФОПАКОТ 

Проектен партнер: Association FOR YOU

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 26.06.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.