You are currently viewing Повик за волонтер во Бугарија!

Повик за волонтер во Бугарија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект „Creative Volunteering in Varna“ во Бугарија.

Место: Варна, Бугарија
Период:
01.07.2024 – 31.12.2024

За проектот:

За време на проектот: „Creative Volunteering in Varna“, ќе помагате во активностите во младинскиот центар, ќе организирате настани и ќе креирате фотографии, видеа и текстуална содржина за социјалните медиуми. Исто така, ќе помагате во маркетинг-кампањи, ќе ги дочекате и советувате посетителите и ќе бидете поддршка на часовите по скејтборд и ролери.

Повеќе информации: Тука / ИНФОПАКОТ 

Проектен партнер: Association FOR YOU

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 23.06.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.