Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (+20 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука “Ministry for the future” во Романија.
Место: Сарата Монтеору – Бузау, Романија
Датум: 20.05 – 29.05.2024
За проектот:
Обуката „Министерство на иднината“ е наменета да ги обучи младите работници со иновативни пристапи за промовирање на циркуларна економија. Целта е да се користи овој пристап како алатка за унапредување на одржливоста, продлабочување на разбирањето на одржливата потрошувачка и промовирање на инклузивна зелена економија.
За повеќе информации: Инфопакот
Партнер на проектот: FPT BUZAU
Технички детали: Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени. Се плаќа 20 € за учество.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: што е можно поскоро
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.