You are currently viewing Од Истанбул до Скопје – мерхаба, Чансу!

Од Истанбул до Скопје – мерхаба, Чансу!

Мерхаба!

Јас сум Чансу Чомерт од Истанбул, Турција. Истанбул е најпознатиот град во Турција и е преполн со големи згради и луѓе кои брзаат некаде, што му дава хаотична убавина. Следните два месеци ќе работам во ВЦС во Македонија со многу неверојатни луѓе.

Студирам психологија и ми остануваат уште две години до дипломирањето. Сакам се што е поврзано со психологија и тоа е една од причините зошто аплицирав да дојдам во ВЦС. Сакав да можам да се поврзам повеќе со различни култури, луѓе и нивниот начин на живот пред да дипломирам за да можам целосно да ја искусам човечката психа.

Во слободно време сакам да слушам музика, уметничко лизгање, серии и да одам во кафулиња затоа што ја сакам атмосферата во нив.

Возбудена сум што го истражувам Скопје и неговата убавина, луѓе, природа и се останато. И покрај тоа што може да биде малку предизвикувачко, јас сум благодарна за оваа можност и ќе се обидам да уживам во неа колку што можам повеќе!

Чансу Чомерт