You are currently viewing Уште еден волонтер од Истанбул – добредојде Мухамед!

Уште еден волонтер од Истанбул – добредојде Мухамед!

Здраво! Јас сум Мухамед Ерсан. Роден сум во Истанбул, Турција. Дипломирав на Факултетот за политички науки при истанбулскиот универзитет. Верувам дека волонтерството е одговорност на секоја личност кон општеството. Затоа, сакав да искусам нова волонтерска активност.

Да се биде волонтер во ВЦС во наредните два месеци е одлична можност за мене да се развивам, да придонесам во волонтерската работа и да се запознаам со мултикултурната структура на македонското општество.

Во слободно време сакам да читам за историјата и историските романи. Освен тоа, едно од моите хоби е и посетата на историски места. Конечно, како и повеќето луѓе во Турција – следам фудбал и сум силен навивач на Галатасарај.

Се надевам дека можам да придонесам при волонтерските активности и да добијам прекрасни спомени од ова искуство.

Мухамед Емин Ерсан