Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години), од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект во “Deutsches Tanzfilminstitut” во Германија.
Место: Бремен, Германија
Период: 02.05.2023 – 30.04.2024 (12 месеци)
За проектот:
Волонтерите ќе помогнат во снимањето и продукцијата на филмови за танц. Тие ќе ја поддржат организацијата во дигитализацијата на касетите за архивирање, како и помагање на тимот да го промовира здружението преку социјалните медиуми и други платформи. Тие, исто така, ќе помогнат да се организира „Tanzsalon“: месечен настан за танцување во Бремен.
Повеќе информации: ТУКА
Проект партнер: NaturKultur (Германија)
Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени како и часовите по јазик се обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
Краен рок за аплицирање: 09.10.2022
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.