You are currently viewing Повик за младинска размена во Романија!

Повик за младинска размена во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (17-25 години) и 1 лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на Младинската размена “Be media (elite)rate by debate” во Романија.

Место: Вустени, Романија
Датум: 21.10 – 31.10.2022

За проектот:
Целта на проектот е да им обезбеди на младите од помалите заедници решенија за зголемување на медиумската писменост и критично размислување

За повеќе информации: ТУКА

Партнер на проектот: Asociatia O.D.E.N. Nehoiu

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС+, така што сите патни трошоци (до 275 евра ) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени. Има придонес за учество од 5 € што треба да се плати во готово по пристигнувањето.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 07.10.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.