Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (18-30 возраст) кои сакаат да учествуваат на мобилноста “Shake a leg, together!“ во Литванија.
Место: Анталиепте, Литванија
Датум: 23.08-29.08.2022
За проекгот:
Проект за здрав и активен животен стил со цел да достигне што е можно повеќе луѓе во земјите-учесници и да ги охрабри учесниците да преземат каква било физичка активност, да ги информира за нејзините придобивки и да помогне физичката активност да стане привлечно хоби.
Повеќе информации: SALT Infopack
Проектен партнер: Saltes (Литванија)
Технички детали:
Проектот е финансиран од Ерасмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Ерасмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
Краен рок за аплицирање: 14.07.2022
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.