Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (16-29 години) и 1 лидер на групата (+18 години) од Македонија за учество на Младинската Размена „Soft drugs create hard problems“ во Романија.
Место: Буштени, Романија
Датум: 12.4 – 21.4.2022
!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19
“Soft drugs create hard problems” е младинска размена со 42 млади луѓе од 8 земји. Целта на проектот е да се зајакне улогата на младите луѓе во превенцијата и употребата на лесни дроги и во ефикасното надминување на ефектите од нивната употреба.
За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: Asociatia O.D.E.N. Nehoiu
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+ (до 275 евра). Храната и престојот ќе бидат обезбедени. Има придонес за учество од 5 € што треба да се плати во готово по пристигнувањето.
Како да аплицирате?
- Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
- Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за МР “Soft drugs create hard problems“)
- Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
- Закачете го вашето CV на англиски јазик
- Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
- Кој сте вие?
- На која возраст сте?
- Зошто сакате да учествувате?
- Како може да придонесете за проектот?
Краен рок за аплицирање: 22.03.2022
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.