You are currently viewing Повик за тренинг курс во Унгарија!

Повик за тренинг курс во Унгарија!

Волонтерски Центар Скопје бара 3 учесници (18+ возраст) од Македонија за учество на тренинг-курсот “Looking through the Loupe at the Youth” во Унгарија.

Место: Мезеберени, Унгарија
Датум: 25.03 – 02.04.2022

!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19
!! Влез во Унгарија cогласно регулативата на унгарските власти

За проектот:
Проектот “Looking through the Loupe at the Youth / Гледајќи низ лупа кон младите“ има улога да опреми 12 младински работници од 4 земји со методологијата на дизајнерско размислување во контекст на младинската работа и нејзината практична применливост во однос на вклучување на млади луѓе со помалку можности.

Учесниците на тренинг-курсот ќе учествуваат и на семинарот во Романија (во случај на спреченост за учество на семинарот од објективни причини, ќе треба да се пренесат сите информации за проектот на заменскиот учесник).

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот: Ingens Risus

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 евра ) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Looking through the Loupe at the Youth” во Унгарија)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 13.03.2022 

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.