Волонтерски Центар Скопје е во потрага по 3 учесника (18+) од Македонија кои сакаат да учествуваат на Тренинг курсот „Digital Resilience 4 You(th)!“ во Чешка република.
Место: Бланско, Чешка република
Датум: 19.3 – 26.03.202 2
Согласно со побарувањата на организацијата-домаќин, проектот побарува учесниците да бидат целосно вакцинирани (со 2 дози) со некоја од европски одобрените вакцини и да имаат ПЦР тест. Ако имате примено бустер доза-ПЦР не е потребно.
!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19
За проектот:
За време на проектот 27 учесници од различни земји ќе се стекнат со информации и алатки за подигање на дигиталната истрајност во нивните организации и каква интеракција да имаат со младите луѓе, онлајн и офлајн, посебно со младите луѓе од ранливите категории.
За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: CESTA ROZVOJE
Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 евра ) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
- Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Digital Resilience 4 You(th)!“ во Чешка)
- Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
- Закачете го вашето CV на англиски јазик
- Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
-
- Кој сте вие?
- На која возраст сте?
- Зошто сакате да учествувате?
- Како може да придонесете за проектот?
Краен рок за аплицирање: 20.02.2022
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.