You are currently viewing VOICES February 2022

VOICES February 2022

По јануари – месецот на новогодишните одлуки – време е за февруари, најкраткиот месец во годината. А со тоа уште едно издание на нашиот магазин!

Веројатно повеќето од вас го поврзуваат вториот месец од годината со празникот на вљубените. Па, како е во љубовта? Проверете во темата на месецот! Ќе дознаете и дали љубовта може да се најде во задниот џеб. Вљубувањето може да доведе до еден вид зависност. Би било прекрасно да има само такви зависности во светот. Но, реалноста не е толку шаренолика, а тоа ќе го дознаете преку статијата за трговија со дрога во Латинска Америка.

Следните денови носат добредојде и довидување во нашето ВЦС-семејство. Жозе му се приклучи на нашиот тим директно од Португалија. Како и секое искуство, нашето време во Македонија привршува. Ние тројцата (Кацпер, Клариса и Ана) имавме извонреден волонтерски проект што ни ги отвори очите и ни донесе многу радости. Нашата главна задача беше да работиме за ова прекрасно списание овде. Покрај „Воисес“, – нашето милениче, патувавме низ Балканот, се дружевме и со благодарност се нурнавме во добредојдената балканска култура.

Ајде да видиме каде може да не однесе иднината. Очигледно дека нашето волонтерско искуство имаше влијание врз нашите идни одлуки. Ќе останеме вклучени на меѓународното поле и ќе продолжиме да се залагаме за отвореност. По престојот во странство, веруваме повеќе од кога било: „Воисес/Гласот“ на младите луѓе мора да се слушне!

Клариса Лојте, Ана Марек, Кацпер Крол

VOICES February 2022 PDF