You are currently viewing Повик за младинска размена во Германија!

Повик за младинска размена во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (18-30 години) и 1 лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат во Младинската размена „The Masks We Wear“ во Garlstedt, Osterholz Scharmbeck, Германија.

Место: Garlstedt , Osterholz Scharmbeck, Германија
Датум: 01.03 – 11.03.2022

!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19

Согласно регулативата на германските власти и барањето на организацијата-домаќин, влез во Германија е дозволен единствено за целосно вакцинирани лица: Pfizer, Janssen, AstraZeneca, Moderna.

На проектот 42 учесници од различни земји ќе ги зајакнат своите вештини преку театарски изведби за разбивање на стереотипите и ќе ги истражуваат идентитетите и солидарноста за тоа што значи да се биде Европеец.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот:  NaturKultur

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра ) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “The Masks We Wear“)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 27.01.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.