You are currently viewing Повик за младинска размена во Романија!

Повик за младинска размена во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (17-29 години) и 1 младински лидер (+17) од Македонија за учество во младинската размена „The land I love” во Сарата-Монтеору и Бузау, Романија.

Место: Сарата-Монтеору и Бузау, Романија

Датум: 19.02 –28.02.2022

!! Согласно регулативата на романските власти и барањето на организацијата-домаќин, влез во Романија е дозволен единствено за целосно вакцинирани лица или за оние што прележале „Ковид-19“ во последните 180 дена.!!

!! Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со „Ковид-19“.

За проектот:

Младинската размена за проектот: „The land I love” има за цел да ја зголеми одговорноста на младите за еколошката одржливост и квалитетот на животот преку спречување и намалување на загадувањето на почвата. Учесниците на младинската размена ќе подготват визуелна кампања со 4 видеа, 4 флаери, 2 постери и списание со заклучоци од работилницата. Резултатите ќе бидат претставени пред младите и граѓаните од Бузау.

За повеќе информации:  INFOPACK

Проектен партнер: FPT BUZAU (Романија)

 

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната се обезбедени.

 

Како да аплицирате?

1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
2. Наведете го името на проектот во предмет (Апликација за младинската размена „The land I love”, Романија)
3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:

  • Кој сте вие?
  • На која возраст сте?
  • Зошто сакате да учествувате?
  • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 19.01.2021

Апликантите ќе бидат известени после крајниот рок за аплицирање кога ќе се финализира селекцијата на кандидатот.

Ги очекуваме вашите апликации!