You are currently viewing Повик за тренинг курс во Романија!

Повик за тренинг курс во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (20+ возраст) кои сакаат да учествуваат на тренинг курсот “Theater tools for dramatic situations” во Сарата-Монтеору и Бузау, Романија.

Место: Сарата-Монтеору и Бузау, Романија
Датум: 02.02 –10.02.2022

!!Согласно регулативата на романските власти и барањето на организацијата-домаќин, влез во Романија е дозволен единствено за целосно вакцинирани лица или за оние што прележале „Ковид-19“ во последните 180 дена.!!

!!Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со „Ковид-19“.

За проектот:
Тренинг-курсот “Theater tools for dramatic situations” има за цел да ја подобри професионалната активност на младинските работници во Европа во едукација на младите луѓе и граѓанското општество за подобра социјална интеграција на мигрантите. За време на проектот ќе има 3 интеркултурни сесии, 5 воведно-тематски сесии и 6 проширени драмски работилница (форум театар, играње улоги и LARP). Финалните производи ќе бидат претставени на сцената во Бузау.

За повеќе информации:  INFOPACK

Проектен партнер: FPT BUZAU (Романија)

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
2. Наведете го името на проектот во предмет (Апликација за тренинг курсот “Theater tools for dramatic situations”, Романија)
3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:

  • Кој сте вие?
  • На која возраст сте?
  • Зошто сакате да учествувате?
  • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 16.01.2021

Апликантите ќе бидат известени после крајниот рок за аплицирање кога ќе се финализира селекцијата на кандидатот.

Ги очекуваме вашите апликации!