Несогласувањата честопати започнуваат поради разлики во мислењата, сеедно дали се на училиште, дома или на друштвени собири. Овие разлики...
Најчесто Поставувани Прашања
Волонтерски Центар Скопје е НВО кое дава можности на младите луѓе преку волонтирање, методи на неформално образование и различни локални и меѓународни програми. ВЦС тежнее кон зајакнување на капацитетите и активното граѓанско учество на младите луѓе.
Невладина, непрофитна организација, која често ги се занимава со социјална или политичка проблематика. Нашето НВО функционира независно од Владата и не се занимава со политички прашања, фокусирано е на активно граѓанско учество и организиран волонтерски ангажман на локално, национално и меѓународно ниво за справување разни проблематики од јавен интерес.
Тоа е списание кое постои 15 години, целосно изработено од волонтери. Можете да откриете интересни текстови со најразлични теми и да бидете дел од пишувањето во него. Ги охрабруваме младите луѓе да земат активно учество во општеството, да се изразат преку пишување текстови, откривање нови тематики и правење интервјуа. Исто така имаме и подкаст VOICES to Hear. Придружете ни се!
Зошто да не, забавно е и дава задоволство. Сите сме биле млади и сеуште сме и сакаме да ви го понудиме истото искуство што сме го имале и ние. Подлабока интеграција во вашата заедница и активно учество преку различни волонтерски проекти и тренинзи, помош на оние на кои им е потребна и испраќање на вашата порака. Ни дава многу, на нас и на вас. Сакаме да им понудиме еден канал на младите за изразување, да го најдат своето место и научат нови работи.
Се разбира дека може! Го охрабруваме секого да биде дел од нашето ВЦС семејство, без разлика на возраст, националност, религија, политички, економски или социјален статус.
Волонтерски Центар Скопје нуди неколку можности:
Локално волонтирање: Придонес за ВОИСЕС списанието и Подкаст, волонтирање со децата од улица и децата со помалку можности, свесност за средината и активности, вклученост во локални настани и промовирање на волонтерството.
Меѓународно волонтирање: период од 2 недели до 12 месеци во меѓународни организации во странство со програмата на Европскиот Солидарен Корпус.
Тренинг курсеви, Младински размени и Семинари: Тренинзи и размени на различни теми со помош на методите на неформалното образование, на проекти кои се одвиваат локално или во странство. Поврзување на земји и култури од цела Европа.
Локални настани: ВЦС организира различни настани и работилници каде секој е добредојден и може да се придружи. Проверете ги настаните и земете учество!
Проектни партнери и пишување: Можеби веќе сте запознаени со Еразмус+ и другите можности за финансирање? Може да пишувате проекти заедно со нас! Секогаш сме отворени за креирање на нови инспиративни концепти и да вклучиме нови луѓе во тоа.
За локално волонтирање и да бидете дел од вашата заедница-не постои ограничување!
За меѓународните ЕСК програми границите се од 18-30 години.
Многу е полесно отколку што се мисли! Имаме отворени повици за повеќе проекти низ Европа-но запомнете, ние не сме туристичка агенција, овие можности се со можност за вас да научите нешто ново преку неформалното образование, запознаете нови луѓе и култури и да ги зајакнете вашите вештини.
Проверете ги отворените повици и пријавете се! Можете и да нѐ контактирате и да ни кажете што би сакале да направите.
Накратко, Европски Солидарен Корпус (ЕСК) е програма која нуди можности на младите луѓе да волонтираат во странство. Темите на проектите се различни: од младинска до работа поврзани со медиуми, заштита на животна средина, работа со стари лица итн. Може да учествувате во програмата доколку сте на возраст од 18-30 години.
И што друго? Сите трошоци се покриени! Програмата ги покрива патните трошоци, сместувањето, осигурување и месечно добивате пари за храна и џепарлак.
Може да учествувате во краткорочен ЕСК (од 2 недели до 2 месеца) или на долгорочен (до 12 месеци). Прочитајте повеќе.
Еразмус плус дава можности не само за студенти! Волонтирање (ЕСК), тренинг курсеви, младински размени, семинари…Проекти кои ќе ги зајакнат вашите вештини во различни области, ги поврзуваат различните култури и земји и нудат неверојатни доживувања. И повторно, сите трошоци се покриени, патни, сместување, оброци за време на проектот кој обично трае една недела, повеќе или помалку. Спремни сте за авантура? Продолжете со читање!
Дали сте се почувствувале подобро кога ќе направите некој да се насмее откако ќе му помогнете? Правите нешто добро за општеството додека самите сте активни. Има различни области на волонтирање, значи може да изберете нешто во кое ќе уживате додека го работите. Младинска работа, еко-активности, работа со деца, организирање настани и активности.
Понекогаш резултатите се видливи на поинаков начин. Дали знаете дека волонтерите ја преведоа оваа страница? Волонтирањето не е само теренска работа со луѓе, има многу повеќе од тоа!
Европската Унија ги поддржува младите и нивниот развој, дури и во земјите надвор од ЕУ. Можеби звучи неверојатно да ве испратат во странство да ги надоградите вашите вештини, да научите нови работи и проширите вашите гледишта-бесплатно. Нема трик, едноставно програмата прави искрени напори за образование на младите и активно учество во општеството.
Треба само да ги разгледате отворените повици и да ни испратите апликација на следниот начин:
- Испратете емаил на vcs_contact@yahoo.com
- Напишете го името на проектот во Предмет (пр. Апликација за „име на проектот“)
- Претставете се накратко и нагласете за кој проект сте заинтересирани
- Прикачете го вашето CV на англиски јазик
- Прикачете Мотивациско писмо на англиски јазик, во кое ќе одговорите на следното:
- Кој сте вие?
- На која возраст сте?
- Зошто сакате да учествувате?
- Како може да допринесете за проектот?
Ние сме македонска организација но имаме многу интернационал персонал и волонтери во нашата канцеларија. Англискиот е наш работен јазик кој го користиме во нашите настани и активности и бидејќи нашите партнери се од цела Европа, мора да имаме нагласени комуникациски вештини на англиски. Го охрабруваме секого на зајакнување на јазичните вештини, но нема да дискриминираме никого врз основа на степенот на познавање. Секогаш има време за учење! Пријавувањето на англиски е за да видиме колку сте комотни во изразувањето на англиски, за да можеме да го вклучиме нашиот интернационален тим во креирањето проекти.
Сакаме да видиме зошто сте заинтересирани за проектот и што може да донесете. Размислете за вашите мотиви за учество на одредена проект и какви придобивки може да имате од него.
Опишете се себе си, да ве запознаеме подобро! Кое е вашето хоби, што сте завршиле? Што ве мотивира да научите нови работи?
Сите активни повици можат да се најдат на Отворени Повици. Можете да најдете и на нашата фејсбук страница или Инстаграм-ги објавуваме сите на социјалните медиуми!
Не мора, секој е добредојден, без разлика на вашето искуство или поврзаност со организацијата. И повеќе од добредојдени сте, исто така, да се приклучите на нашите активности на локално ниво.
За повеќето од младинските проекти реализирани или поддржани од нашата организација не е потребен надоместок бидејќи Еразмус+ програмата ги финансира. Ако во некои од проектите е предвиден надоместок, тоа ќе биде нагласено во повикот како услов за учество.
Секогаш сме расположени да ги реализираме идеите на сите што сакаат да ги споделат со нас! Контактирајте нѐ, споделете со нас!
Не доби одговор на твоитре прашања?
Прашај не преку формуларот. Ако сакаш одговор директно на твојата е-пошта, остави информации за контакт. Во спротивно, ќе го додадеме во делот ЧПП, доколку е поврзано со она што го правиме.
Нашиот месечен магазин има многу едноставна, но моќна мисија – да биде гласот на младината.