Волонтерски Центар Скопје бара 1 волонтер (18–30 години) за учество во долгорочниот ЕСК-проект “Moving Forward” во Полска.
Место: Бидгошч, Полска
Датум: 01.12.2021 – 01.12.2022
!! Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со ,,Ковид-19”, како и ограничувањата што одредени земји ги имаат за влез на македонски државјани.
За проектот: Волонтерот може да работи во куќи за дневна нега, канцеларија за меѓународни работи, „Europe direct”, библиотека или студио за дизајн. Опишаните активности имаат за цел да им овозможат на учесниците да ги подобрат или стекнат знаења, вештини, искуство, како и професионалните и „меките“ компетенции соодветни на областа на активност.
Повеќе информации: Infopack
Проект партнер: WSG University in Bydgoszcz
Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по полски јазик се обезбедени.
Како да аплицирате?
- Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
- Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за долгорочен ЕСК-проект “Moving Forward”)
- Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
- Закачете го вашето CV на англиски јазик
- Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
- Кој сте вие?
- На која возраст сте?
- Зошто сакате да учествувате?
- Како може да придонесете за проектот?
Краен рок за аплицирање: 31.10.2021
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.