You are currently viewing “Living library: where the books becoming alive” – Доживување што секој мора да го искуси

“Living library: where the books becoming alive” – Доживување што секој мора да го искуси

Волонтерски Центар Скопје со петмина учесницви и еден лидер беше дел од младинската размена: “Living library: where the books becoming alive” во Мармарис, Турција која се одржуваше од 25 септември до 3 октомври годинава. Преку различни работилници, тие имаа шанса да научат малку повеќе за главната тема на проектот: „Што е методот на Жива библиотека?“ и „Како книгите стануваат живи?“. Тие имаа можност да се социјализираат и да работат со други луѓе разменувајќи го нивното размислување и градејќи безбедна околина. Тимот од Македонија имаше за задача да направи презентација за Еразмус+ и YouthPass и да го презентираат на другите учесници. Покрај тимот од Македонија, на проектот учествуваа и учесници од Холандија, Шпанија, Бугарија, Романија и од Турција каде што сите заедно работеа на различни теми правејќи го општеството повеќе инклузивно и помалку дискриминирачки за лицата со помалку можности. Организацијата-домаќин, исто така, им ја пружи шансата на учесниците да поминат некое време заедно покрај море и да го истражат прекрасното крајбрежје на регионот Мугла и да станат поблиски со другите учесници. Некои од учесниците ни го раскажаа нивното искуство за проектот во прилог:

Бидејќи ова ми е прв проект не знаев што да очекувам, но целокупното искуство ги надмина сите очекувања. Организацијата беше професионална, но истовремено и пријателски расположена и од помош. Темата на проектот “Living library” беше премногу лесно да се имплементира поради фактот што се запознавме со многу нови, забавни и интересни луѓе од цела Европа. Дискусиите кои ги имавме за време на проектот беа едни од најинтелектуалните и ментално предизвикувачки работи меѓу млади луѓе. Предрасуди и дискриминација се спомнуваа само како дел од работилниците. Да сумирам, во текот на 8-те денови се исклучивме од сѐ, се забавувавме, учевме и запознаваме нови луѓе што само ни ги прошири хоризонтите и видиците“ – Нела Пешовска

Самото Ерасмус искуство е голема можност за мене. Учествувајќи на проекти, а воедно и волонтирајќи ми помогна да се здобијам со вредности кои не би можела да ги искусам во секојдневниот живот. Одењето во Турција беше одлична одлука. Од самиот почеток, па се до самиот крај, целата недела беше неверојатна. Добив шанса да запознаам многу луѓе со кои работев на разни работилници, како и на презентации. Освен тоа добив шанса да дознаам нешто повеќе за нив како и за нивната држава. Сега, гледајќи кон целото искуство можам да кажам дека ќе се сеќавам на проектот по вештини кои успеав да ги надоградам, како и луѓето кои ги запознав, бидејќи за мене тоа претставува едно убаво Еразмус искуство“ – Невена Кимова

Со оглед на тоа што ова беше мој прв проект од овој тип, пред себе имав големи предизвици, но и одреден страв од тоа што треба да успеам да се прилагодам на толкава група непознати луѓе. Но, се случи сосема спротивното – уште од самиот почеток на патувањето со нашиот тим, работите се одвива одлично. Секој ден ни поминуваше во забава, учење, танцување и многу смеа. Организаторите одлично не пречекаа и во текот на целиот проект не третираа на најдобар начин. Во врска со учесниците, можам со сигурност да тврдам дека секој од нив влијаеше на мојот живот на различен, посебен начин. Покрај тоа што научивме дека сите сме потполно различни, а сепак исти и дека секој го заслужува истиот третман и почитување, тоа што исто така го научив е дека дури и потполен странец може да влијае и да промени нешто во мојот живот доколку ми покаже дека е добра личност. Можам да кажам дека ова искуство беше дури и подобро од моите првични очекувања и дека по оваа недела дефинитивно станувам нова личност која сега има уште поголема мотивација да работи на себе си. И секако, како најголемо достигнување од проектот – сега имам интернационално семејство“ – Ружица Стојановска

Секој Еразмус+ проект е посебен, но конкретно овој беше најспецијалниот до сега за мене поради тоа што за прв пат имав можност да го презентирам мојот тим и држава како Тим Лидер. Темите кои што ги разработувавме ме натераа да гледам различно на некои работи во животот. Разменувајќи ги моите мисли и ставови со учесниците од другите држави и со различна социјална позадина ме направија подобра личност и личност без предрасуди и ми помогнаа да го победам стравот од непознатото. Сакам да ги охрабрам сите млади кои се двоумат да учестуваат на Еразмус+ проект, да го направат тоа, поради тоа што проектот ќе им го пружи најдборото искуство во животот. Не постои подобро чуство, да помагаш на тие на кои што им е потребна помош и за возврат да ја добиеме нивната насмевка и благодарност. Како што Елизабет Андреу кажа „Волонтерите немаат нужно време, тие само го имаат срцето“ – Давид Стоилковски

Ружица Стојановска
Нела Пешовска
Невена Кимова
Сунај Ајдини
Марија Маринковиќ
Давид Стоилковски