Волонтерски Центар Скопје бара 4 волонтери за учество на краткорочен (двомесечен) ЕСК проект под наслов: “Join our Intergenerational Journey 2020” во Анкара, Турција.
Место: Анкара, Турција
Датум:
Прва група: почнувајќи од средината на октомври 2021 година – 2 волонтери
Втора група: почнувајќи од почетокот на декември 2021 година – 2 волонтери
!! Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со „Ковид-19“.!!
Повеќе за проектот:
Волонтерите ќе бидат одговорни за подготовка на активности на Универзитетот (Ankara Social Innovation Youth Center). Тие ќе помагаат во канцелариската работа, ќе ги промовираат активностите на социјалните медиуми и ќе пишуваат написи за месечниот магазин „Youthtelegraph“. Други задачи вклучуваат: работа со бегалци, работилници во Центарот за лица со посебни потреби, настани за чистење на животната средина и онлајн активности како што се вебинари и дебати. Волонтерите, исто така, ќе имаат простор за спроведување на нивните идеи, проекти и активности.
За повеќе информации: INFOPACK
Организација-домаќин: System and Generation Association – S&G (Турција)
Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Обезбедени се и сместување, осигурување, храна и џепарлак.
Како да аплицирате?
- Испратете маил на: vcs_contact@yahoo.com
- Напишете го насловот на проектот во насловот (на пример: Волонтер од Македонија, “Join our Intergenerational Journey 2020”)
- Претставете се накратко и посочете кој проект ве интересира
- Приложете го вашето CV на англиски јазик
- Приложете мотивациско писмо на англиски јазик, одговарајќи барем на следниве прашања:
- Кој си ти?
- Колку години имаш?
- Зошто сакаш да учествуваш?
- Како ќе допринесеш за проектот?
!!Краен рок за аплицирање: 24.09.2021!!
Апликантите ќе бидат известени после крајниот рок за аплицирање кога ќе се финализира селекцијата на кандидатот.
Ги очекуваме вашите апликации!