You are currently viewing Повик за младинска размена во Чешка

Повик за младинска размена во Чешка

Волонтерски Центар Скопје бара 6 учесници (18-30 години) и 1 лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат во Младинската размена „Antisemitism? Stop it!“ во Чешка.

Место: Přerov, Чешка Република
Датум: 6.9 – 14.9.2021

!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19

За проектот: Учесниците од 5 земји ќе ја подигнат свеста за антисемитизмот во Европа. Тие ќе презентираат реални животни ситуации и ќе ги покажат најдобрите практики на прифаќање, поттикнувајќи го понатамошното образование на заедниците од кои потекнуваат учесниците. Тие ќе добијат образование за холокаустот и други историски трагедии, што ќе им помогне да развијат пошироко историско разбирање.

За повеќе информации: INFOPACK

Партнер на проектот: Czech Youth Association, Sdruzhenie Obzorart, Fundacja Instytutu Partnerstwa Strategicznego, Udruga gluhih i nagluhih Nova Gradiska, Exchange Training and Cooperation Among Youngsters

Технички детали:

Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра ) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “ Bon Appétit“)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 20.08.2021