Уникатни и љубезни луѓе: таков беше проектот „Break a leg!” во Костинешти, Романија
Околу 14 часа возење од Гостивар до Костинешти, Романија не беше ништо во споредба со неверојатниот поглед на Црното Море и прекрасната околина кога конечно пристигнавме.
Не можев да им верувам на моите очи, бидејќи сè беше прекрасно, малите куќи со влезни врати и прозорци насликани во сина или црвена боја и вилите со градини полни со црвени рози. Вилата каде што бевме сместени беше прекрасна, со розова градина, мирисаше убаво, собите беа добро украсени. Целиот умор од патувањето исчезна кога го отпакував багажот и се сретнав со моите двајца цимери: едниот од Романија и другиот од Бугарија, кои беа прилично разговорливи и дружељубиви во исто време.
Бевме 15 од истото средно Техничко училиште од Гостивар и поминавме 20 прекрасни дена во Костинеѓти, од 5 до 24 јуни 2021 година заедно со другите учесници од Романија, Словачка, Унгарија и од Бугарија. Проектот на кој присуствувавме беше прекрасен и значаен. Волонтерскиот центар на Скопје го организираше наштео учество и многу сум им благодарен за тоа.
Отсекогаш сум сакал да учествувам во младински проект во странство и бидејќи ми беше прв пат, така што не бев сигурен што ќе се случи, но моите очекувања беа големи и се чувствував многу возбудено. И не згрешив. Научив многу од овој проект, ги подобрив своите вештини за зборување на англиски јазик, станав свесен за културните разлики, научив многу за луѓето воопшто и станав посигурен за моите способности. Сега сум поспособен да комуницирам со луѓе од други потекла и култури, да бидам потолерантен кон вредностите и однесувањето на другите луѓе и да бидам поотворен за нови предизвици. Учев со задоволство и добив појасна идеја за мојот иден образовен пат.
Учесниците што ги запознав на овој проект беа одлични и супер се забавувавме. Ги сакав „енергетизерите“, при што имаше многу смеење, туркање, скокање, танцување и трчање. Ја сакав плажата, уживавме во пливањето и сончањето во слободното време. Откако останавме на плажа до изгрејсонце, бидејќи сакавме да го видиме тој привлечен момент, беше спектакуларно кога сонцето започна да изгрева од морскиот хоризонт.
За време на проектот, заминавме на екскурзија во Констанца. До таму беше половина час возење и имавме пакет-ручек со нас. Олеснувачите на сите нас им делеа маици со испечатен натпис „Еразмус +“ и „Break a leg“, што ги носевме за време на обиколките низ градот. Отидовме да видиме, да фотографираме и да пиеме кафе во едно од многуте кафулиња на плоштадот.
Секоја вечер правевме забава во дворот. Покрај тоа, имавме културна вечер на која ја презентиравме нашата традиционална македонска храна и македонското традиционално оро. Беше интересно да се испроба храна од други земји и да се видат други традиции.
На последниот ден од проектот, имаше многу прегратки и солзи затоа што станавме многу блиски едни со други и разделбата беше многу тажна, но ветивме дека ќе продолжиме да одржуваме контакт со социјалните мрежи.
Сумирајќи, ова беше неверојатен проект и одлично искуство, кое ги прошири мојот ум и хоризонтот и сè беше трансформирано во убави спомени. Тоа беше искуство што го одбележа мојот живот, на позитивен начин. Единствени и љубезни луѓе.
Би сакал да учествувам на сличен проект во иднина и им препорачувам на сите млади да учествуваат во проекти, бидејќи тие се незаборавно искуство.
Димитриј Пачуков