Се чини дека 2020 година беше ера без крај, но, исто така, се чини како да сме ги затвориле очите во март, а сега е веќе 2021 година. Сепак, сега не е време да го гледаме лошото, туку доброто.
„Нова година, нов(а) јас“, нели? Интересно е колку луѓето се возбудени да слават уште еден круг околу сонцето и колку тоа може да биде моќно за да се промени менталитетот. Јануари, вообичаено е еден од најпродуктивните месеци, бидејќи годината штотуку започна и имате празна страница пред вас да ја пополните како што сакате. Дали сакате да бидете „фит“ и да започнете да вежбате? „Ќе почнам во јануари“. Дали сакате да ги прочитате сите оние (сега прашливи) книги што ги имате на полицата? „Почетокот на годината изгледа совршено за тоа“. Дали сакате конечно да научите друг јазик? „Oui oui, janvier est le meilleur mois.“
Можеби беше период полн со неизвесност и вознемиреност, без бакнежи, прегратки и празници како што некогаш знаевме. Но, тоа сигурно имаше и свој удел во лично созревање и отворање нови перспективи. Научивме како да уживаме повеќе во малите моменти и да не ги земаме здраво за готово, како да се заштитиме себеси и другите, како еволуираме и тешките времиња (дури и кога не изгледа така).
Сите се надеваат дека „оваа година ќе биде таа“, но не успеваат да сфатат дека секоја година е само една. Се надеваме дека уживате во ова издание на „Воисес“ и во жолто-сивата година што дојде ќе биде комплетна.
Руте Кардосо