Волонтерски Центар Скопје е во потрага по волонтери од Македонија да земат учество на ЕСК проектот “Volunteering connecting people” & “Stronger local communities through Volunteering”во Вилнус и Тракаи, Литванија.
Место: Вилнус и Тракаи, Литванија.
Датум: 01.09.2020 – 31.08.2021
!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19
Достапни се повеќе проекти. Можете да ги погледнете подолу:
- СОС Детско Село
СОС програмата за семејно зајакнување ги поддржува семејствата со посебни потреби изложени на ризик од раздвојување со јакнење на нивните можности за заштита и грижа за нивните деца. СОС Детското Село настојува да им помогне на семејствата да научат да се грижат за себе, како би можеле да живеат подолгорочно независно.
- Детска градинка “Mamos delne”
Детската градинка овозможува предшколско образование за децата од 1-6 години. Градинката нуди дневни активности за децата, како и различни настани, акции, различни работилници. Волонтерот ќе им помага на наставниците во спроведување различни активности за децата, организирање настани, работилници и сл.
- Valakupiai Центар за рехабилитација
Волонтерот ќе работи заедно со социјалните работници, наставниците, терапевтите и таа/тој ќе има можност за стекнување специфични вештини поврзани со процесот на учење кај лицата со посебни потреби.
- Дневен Центар за лица со посебни потреби “Šviesa”
Волонтерот ќе треба да организира активности заедно со социјалните работници: за музика, театар, керамичка изработка и сл. Ќе учествува во издавањето на месечниот билтен “ŠARKA” (“Magpie”) и притоа ќе ги вклучува луѓето со посебни потреби.
- Отворен Младински Центар “Mes”
Волонтерот ќе го организира и планира слободното време на млади лица на возраст од 14-29 години, со вклучување во различни настани, активности, кампови, излети, проекти, состаноци, тренинзи и сл.
- Детска градинка “Patirčių slėnis” во Тракаи
Градинката нуди дневни активности за деца, како и различни настани, акции и различни работилници. Волонтерот ќе им помага на наставниците во спроведувањето различни активности за децата, организирање настани, работилници и сл.
- Основно училиште “Patirciu slenis” во Тракаи
Училиштето обезбедува часови на дневна основа, организирање различни проекти, активности и работилници. Волонтерот ќе им помага и асистира на наставниците на часовите, ќе спроведува различни активности за децата, организира настани, работилници и сл.
За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлук и храната се обезбедени.
Апликација:
Испрати мотивационо писмо одговарајќи на следниве прашања:
Кој си ти? Колку години имаш? Зошто сакаш да учествуваш? Како ќе допринесеш за проектот? … И испратете CV (на англиски јазик) на vcs_contact@yahoo.com
Ве молиме не заборавајте да нагласите за кој проект се пријавувате!
Краен рок за аплицирање: 16.08.2020