Проектот „Volunteering for Youth Empowerment“ побарува 2 волонтера за Солидарен Корпус кои:
☑ се на возраст од 18-30 години
☑ се од Македонија
☑ зборуваат добро англиски јазик
☑ имаат искуство во НВО секторот, младинска работа, неформално образование, теми за сексуално и репродуктивно здравје, човекови права, полова еднаквост
☑ се спремни да работат и да го делат просторот за живеење со други луѓе од различни култури
Период: 6 месеци
едно слободно место од Август 2019 година до Јануари 2020 година
едно слободно место од Февруари до Јули 2020 година
Место: Софија/Бугарија
Проектот е финансиран од Еразмус+ (Европски Солидарен Корпус) и сите патни троѓоци ќе бидат надоместени
На волонтерите ќе се обезбедат билети за јавниот транспорт во Софија.
Сместување, џепарлак (210 евра) и здравствено осигурување ќе бидат обезбедени за времетраењето на проектот. За проектот ќе се добие сертификат YOUTHPASS.
Основни информации за проектот:
Основната цел на проектот е да се подигне свесноста на адолесцентите и младите луѓе за работи поврзани со сексулното и репродуктивно здравје и права (вклучувајќи ХИВ/АИДС, пол, планирање на фамилија, сексуално-преносливи инфекции и сл.) и да ги зајакнат младите луѓе, да ги охрабрат да зборуваат занивните потреби и заштита на правата вклучувајќи го и правото за точни информации и соодветни услуги на ова поле.
+++За повеќе информации и детаљи видете го ЕСЦ Инфопак Volunteering for Youth Empowerment!+++
Како да се пријавите?: испратете CV и мотивациско писмо (на англиски јазик) на:
vcs_contact@yahoo.com