You are currently viewing Youth Exchange – “We are EUrope” camp in Italy from 6 to 13th July 2019

Youth Exchange – “We are EUrope” camp in Italy from 6 to 13th July 2019

“We are EUrope” камп, од 6ти до 13ти Јули 2019

Локација: Пасо ди С.Лугано, Јужен Тирол, Италија. Најблиските аеродроми се Инсбрук (Австрија), Минхен (Германија), Верона или Венеција. Од аеродромот до местото на оддржување на кампот продолжете со воз додека не стигнете на станицата Оrа/Auer. Потоа од таму продолжете со автобусот со број 140 во правец на Калвезе С. Лугано (картите за автобус може да се купат и од самиот возач на автобусот). Автобуската на постојка на која треба да се симнете е последната во С.Лугано. Прашајте за „Jungschar Haus”.
https://www.jungschar.it/strukturen/san-lugano/

Учесници: Групи од по 6 учесници + 1 тим лидер. Ве молиме да има баланс помеѓу родот во групата (50% машки, 50% женски). Локацијата на оддржување е стара железничка станица и ќе се спие во 4 вагони (видете слики). Секој вагон може да собере до 10 луѓе. Учесниците и тим лидерите мораат да донесат со себе навлака за перница, чаршаф, вреќа за спиење и перница.

Оброци: Објектот има одлично опремена кујна која ќе се користи да се подготват појадокот и вечерата. Ручекот ќе биде подготвен од локалниот ресторан.

Програма: Секоја национална група мора да подготви јазична (лингвистичка) анимација, работилница и вечера (за јадење). Сетоа тоа че биде дел од интеркултурната вечер. Основната идеја на кампот е да ги оспособи младите да ги шират Европските вредности. Како почетна точка во работата ќе се користи работата од претходната година (Нордхаусен-Ние сме Европа). Идејата на „We are EUrope“ 2 беше во зародиш уште на крајот од претходниот проект, слушајќи ги идеите и размислувањата на младите и нивните желби за повторна средба. Исто така би било убаво да се вклучат и учесници од претходните години.

Додатни настани: Бидејќи сме во заштитениот природен парк „Monte Corno“, планираме да се изврши една посета до кањонот Блатербах на 10ти Јул, и секако уште некои помали посети до различни културни обележја и интерсни локации. Како и минатата година, остатокот од програмата зависи од нас.

Како да аплицирате? Испратете апликација со кратко мотивационо писмо (на англиски) со одговори на сл. прашања:

-Кој сте вие?

-На која возраст сте?

Зошто сакате да учествувате?

На…vcs_contact@yahoo.com

!!! Краен рок за пријавување: 12 Јуни 2019 година !!!