Толку многу работи се случуваа во мојата глава! Толку многу прашања и многу стравови. И баш затоа сум тука: да ги надминам моите граници! Не сакам повеќе мојот живот да биде раководен од стравови! Јас сум Астрид, девојка од Франција, 27-годишна. Штотуку ја земав мојата диплома за специјален едукатор и за мене ова е начин да го започнам патувањето. Барав пракса во странство да искусам други социјални практики кога добив можност да бидам волонтер во Центарот за сензорна терапија „Во Мојот Свет“ кој е поддршка за децата со аутистични пречки. Па така не размислував долго за тоа, тоа беше како причина да кажам: „Да, ајде да одиме во Скопје“ без да знам било што за оваа земја.
Несвесен избор? Па не би рекла дека е така, животот се состои од изненадувања и нови искуства.А во тој момент ми недостасуваше патување и зрнце лудост во главата. Со доаѓањето овде за мене тоа значеше да ја зголемам својата храброст и да се осмелам да ја напуштам мојата зона на комфорт. И сега сум тука, се чувствувам прилично загубена како дете што открива се наеднаш кога се раѓа, а исто така е и возбудливо. Првите денови беа исцрпувачки за моето тело. Потребна ни е повеќе енергија да останеме фокусирани и да ги разбереме луѓето и да се изразиме на англиски, да ги запаметиме информациите и местата…Секоја вечер спијам одлично после сето тоа.
Веќе прочитав неколку натписи напишани од други волонтери. И моите импресии изгледаат многу слични со нивните кога пристигнале тука. Изгледа дека ќе живеам здрав живот овде.Овдешната култура изгледа дека има повеќе почит бидејќи ритамот на животот е поспор и поопуштен. Мислам дека времето ќе биде подарок за девојка од Париз како што сум јас!
Астрид Цхапеау