You are currently viewing (Македонски) Извор на животот

(Македонски) Извор на животот

На оваа планета земја има една ситна, миијатурна точка во која е вкоренет  изворот на животот. Неуморно зрачи со дарови за живот, како воздух, вода, надеж,среќа. Едноставно магична е оваа парче земја наречена Босна и Херцеговина! Животот и смртта се една до друга. Во секој момент можеш да ја видиш неприкосновената фаза од човековото битисување а притоа секој миг одново и одново да го доживуваш како нова капка надеж. Со најголемите сили се бориш за секој нов здив, најмалите клетки на човековото тело ја чуствуваат правилноста на дишењето и издишувањето и притоа го чуствуваат благословот на животот. Сето ова е брилијантно обвиено од љубов кон животот, воодушевување кон опстанокот, ентузијазам и цврста одлучност да се фати новиот ден и од него да се направи нов мемоар на убавини, исполнетост, радост, ситни мали моменти на среќа кои стануваат спомени кои ја примамуваат слатката,искрена, длабока насмевка на младо и старо; во моменти на благодарност на својата благосостојба, на загриженост, носталгија кон саканите и тага. Жута табја ( Жолта тврдина), точка на Сарајево од каде се гледа читав(целиот) град, а сокрила толку моменти на искрена љубов, на безброј вљубени парови, први бакнежи, понуди за брак, неуморни разговори на пријатели, се до тивки и замислени погледи кон непознатото, длабоки погледи кон внатрешноста кон себе и солзи кои ја исчитиле душата. Додека се вивнуваш на оваа точка ќе поминеш преку вечното почивалиште на безброј босанци каде што секој е еднаков, и притоа силно те бодрат оди, оди вивни се виоко почуствувај го благодетот на овој живот, на природата на ветерот кој ти ја гали косата, на спуштеното звездено небо кое ти кажува се е возможно јас сум тука само на неколку километри од тебе.

И светлината на овие ѕвезди е многу посилна од оние на небото, затоа што тоа е свелина која со себе ја носи топлината на семејствата кои живеаат во овие куќи од кои трепкаат светлата, споделуват љубов, животни приказни, детски глас и едноставно ти кажуваат има светлина на крајот на тунелот. Љуби го животот!, вриштат, уживај во него, живеј го со страст и полн ентузијазам, сакај го не го живеј затоа што мораш, туку затоа што го сакаш. Вечноста на секој миг ти ја подарува Илиџа, наслеба во Сарајево. Тука прво се доживува алејта на административниот и културно-забавнииот живот, се запознаваш со поделеноста на БиХ преку двата хотели Босна и Херцеговина и на само неколку метри повторо ја чуствуваш дарежливоста на мајката природа преку магично зелената површина и реката на животот. Предизвици, натажени лица, моменти кои те потсетуваат дека овој живот е тежок, сиве овие мисли ти ги мие „алејата на вечноста„ каде времето застанало, кочијата, коњот  со свилено црно влакно, и неопислива грива, автомобил користен од полицијата кој останал тука како сведок на цивилизацијата и два дрвореди од липи ја создаваат „алејата на вечноста“ која води до изворите. Неуморно чекориш по ова алеја и секој чекор те носи се поблиску до точката каде двата дрвореди на брези се спојуваат но во ниеден момент нема да стасаш до оваа точка. Ќе се откажеш ќе се вратиш назад но едно знаеш, ДОЛЖЕН си да дојдеш повторно и да стигнеш до изворите на реката Босна. Таму те чека друг рај, но ќе го доживееш во следна прилика! Не заборавај, има една точка на оваа планета Земја, каде треба да се вратиш да ја почуствуваш со целото битие и да продолжиш да живееш. Божеставата на оваа земја не завршуваат! Сеуште не! Високо, градот на пирамидите одалечен само 20-тина минути од Сарајево, ќе те научи на човековата љубов. Тесни улички, чиниш еден топол дом секој се поздравува со „Чао-Чао“, се прашуваш колкаво смејство живее во овој дом? Продолжуваш да шеташ по нивниот двор, покрај коритото во кое се спојуваат две реки каде јасно се гледа како едната река целосно се предава на водите на другата река се соединуваат и продолжуваат да живеаат. Неприкосновената фаза на животот сеуште е тука, не, не те остава да ја заборавиш, во секој момент те потсетува колку си благословен да уживаш во благодетите на животот, на постоењето, на сакањето, на почитта и разбирањето. И што подобро би ги опишало падовите и врвовите на животот од тунелите и пирамидите на Високо? Дефинитивно ништо! Додека шеташ по тунелите и ги откриваш тајните на предците сфаќаш дека во животот нема падови, не воопшто нема тоа е само простор, временски, кој ти кажува на мене е извиена оваа пирамида Сонце,  ова светлост што ја гледаш јас стојам под неа и ја држам неуморно, со голема љубов и енергија. Гостопримливи ли се домаќините на овој дом ?! Ама што е гостопримливост?! Овој збор ја опфаќа искрената, чистата љубов, почитта, блискоста, отвореноста и желбата за помош на старо и младо ?! Овој збор ја опфаќа ли секоја дама која живее во овој дом?, секој убавец чија харизма се раѓа од насмевката која извира длабоко од душата?, секое кутре кое иде и се гали од твоите нозе за да ти посака топло добродојде?!, ја опфаќа ли овој збор одаденоста на секој член на ова семејтво да ја исполи секоја твоја луда детска желба?! Јас сеуште не го најдов соодветниот збор за челновите на семејтвото на овој топол дом, ама ги доживеав и сакам повторно, одново и одново да го доживеам овој еликсир на вечноста.

27994140_1615887708499399_СС583230536_n

Босна и Херцеговина е единственото место на светот каде што на само неколку метри раздалеченост се втемелени џамија и црква, синагога и катедрала, каде на едната страна има развиени трговски центри а на другата традиционални пазари, каде две уништени куќи се обиколени од модерни згради и куќи (Мостар), каде Сарајевската Баш чаршија замолкнува за време на пладневната молитва а мирисот на топлиот босански бурек продолжува да ве храни. Б и Х е единственото парче земја на овој свет каде во секој миг очигледно пред вас се борат оптимизмот и песимизмот, каде можете да го почуствувате сластот на оптимизмот додека секој следен миг го усвојува на своја страна задоволно без напори туку ужвајќи.

Сарајевското ветре ќе откине лист од дрвото, милно ќе го примами, ќе му подари живот ќе игра со него, ќе танцува, ќе го усреќи секое дете галејќи го по лицето и без да забележи ќе го соедини со вечноста, со корените од каде што доаѓа, ќе биде шумот на вљубените парови кои ќе стапнуваат по него, храната на неговото стебло, минералите на илјадици нови негови браќа и сестри кои ќе продолжат бесконечно да го доживуват Сарајево во сонце, дожд и снег. Ви станува јасно зошто ниеден босанец не сака да го напушти родното место во кое на едната страна се слави херојството на неговите предци а на само неколку чекори од него се слават донисителите на неприкосновената фаза на животот на неговите предци. Затоа што неговиот син треба да се роди и да порасне на ова парче земја да го ЉУБИ ЖИВОТОТ, да подари живот на секоја клетка и на крајот да се соедни со неприкосновената фаза на својот живот- смртта.