Ете, и 2017 година ја оставивме зад нас. Во следните денови ќе правиме ретроспектива што сме направиле, каде сме биле успешни, а каде сме потфрлиле. И ќе си дадеме ветувања дека од Новата година… Всушност, најпрво треба да го погледнеме својот распоред и да ги исфрлиме работите што не се нужни. Да најдеме време за себе, за одмарање и за собирање сила, да го одбегнеме стресот, брзањето и непотребното губење енергија. Да размислиме што и кој ни значи и кому вреди да му го посветиме времето. Да бидеме благодарни за искуствата што сме ги стекнале годинава и да се подготвиме за нови авантури.