Повик за учество во работилници за креативно изразување
Овие работилници имаат за цел да дадат вовед во одредени вештини за работа со деца со нетипечен развој во делот на креативното изразување. Учество можат да земат сите млади на возраст од 18 до 29 години, кои се заинтересирани за работа со деца со попреченост во областа на креативното изразување.
Работилниците ќе се состојат од три дела:
- Театар и креативно изразување
- Работилницата за театар и креативно изразување ќе ги обучи младите како преку креативно изразување и театар да ги разберат емоциите на децата со нетипичен развој.
- АРТ – карактер дизајн
- На оваа работилница ќе се даде вовед за формирање на одредени карактери, воведување во дизајнирање и креирање на карактери и нивно цртање. Крајната цел е создавање на мини стрип.
- Балет
- Вовед во танцот и работата со децата со попреченост, споделување на искуства. Демонстрирање на вежби и еден балетски час. На крајот од часот следи создавање на заеднички продукт – кореографија. За потребите на оваа работилница пријавените кандидати да дојдат во спортска опрема, со цел олеснување на вежбањето и движењето.
Работилниците ќе се одржат во три дена и тоа на 29.08.2019 (АРТ – карактер дизајн), 30.08.2019 (Театар и креативно изразување) и 31.08.2019 (Балет). Работилниците ќе се одржат во просториите на Волонтерски Центар Скопје (ул. Емил Зола 3/3-1 Скопје).
Сите заинтересирани да се пријават на mail: tijanaspasovska2@gmail.com, наведувајќи име и презиме, email, и телефон за контакт, и нагласување на работилницата/ите во која/кои сакаат да учествуваат. Заинтересираните можат да се пријават за сите три работилници, за две, или за само една од работилниците. Работилниците се бесплатни.
Краен рок за пријавување: 28.08.2019 година.
Оваа активност е дел од “Art for Development”, имплементирана од добитничката на Наградата за младинско учество Тијана Спасовска, финансирана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.