You are currently viewing Јавен повик за ангажирање на експерти за изработка на студија на случај за родови стереотипи

Јавен повик за ангажирање на експерти за изработка на студија на случај за родови стереотипи

Волонтерски Центар Скопје е дел од проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, финансиран од Европската Унија и за потребите на проектот објавува јавен повик за ангажирање на експерти за подготовка на Студија на случај за родови стереотипи за учество на млади жени во процесите на донесување на одлуки во неразвиените делови во Скопскиот и Полошкиот регион.

Проектот ″Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″ има за цел да придонесе кон независно и одржливо граѓанско општество поддржано од погодна средина која поттикнува партиципативни и родово-сензитивни процеси на креирање младински политики. Проектот се спроведува од страна на Коалиција на младински организации СЕГА (СЕГА) како водечки партнер, во партнерство со Женски Форум Тетово (ЖФ Тетово), СОС Детско Село Северна Македонија (СОС ДС) и Волонтерски Центар Скопје (ВЦС). Проектот има за цел да го подобри квалитетот на имплементацијата на младинската политика заснована на структурна соработка и суштинско учество на вмреженото граѓанско општество.

За остварување на целите поставени со проектот ќе бидат ангажирани 2 (два) експерти кои ќе спроведат Студија на случај за родови стереотипи за учество на млади жени во процесите на донесување на одлуки во Скопскиот и Полошкиот регион, со фокус на неразвиените делови во овие региони.

Главната цел на Студијата на случај за родови стереотипи за учество на млади жени во процесите на донесување на одлуки во неразвиените делови во Скопскиот и Полошкиот регион е да се изврши анализа на релевантна документација и да се утврди моменталната состојба со учеството на младите жени од неразвиените делови на Скопскиот и Полошкиот регион во процесите на донесување одлуки.

Студијата на случај од секој регион ќе се користи како ресурс за конкретно адаптирање на проектните интервенции како и за мерење на напредокот на проектот.

Прочитајте повеќе овде и пријавете се до 20.05.2021 најдоцна до 16.00 часот на info@forumi.org.mk