По завршувањето на средно училиште пред скоро три години дознав за ЕВС и какви се придобивки носи. Но сепак,чекав долго време поради тоа што  се одлучив да се запишам на факултет одложувајќи го ЕВС-от за некоја следна прилика.

Тоа се случи летото 2018, кога  сосема случајно на Фејсбук го видов повикот за краток ЕВС во организација ПЕТРИ-Софија (често на пријатели им кажувам дека тој мене ме најде).Откако го прочитав инфопак ,бев позитивно изненадена и знаев дека сега е соодветно време да ја започнам мојата ЕВС авантура. За пријавувањето најмногу  ме поттикна темата на проектот, целите  за кои се залага организацијата, нивната работа со млади во областа на сексуално и репродуктивно здравје и права како и родова рамноправност и мир во светот.

За почеток, би сакaлала споделам  неколку информации организацијта во која престојував.

ПЕТРИ-Софија е  Интернационален институт за развојот на младите, регионален ресурсен центар сместен во зградата на  Национален центар за јавно здравје и хигиена на Р.Бугарија. Главните цели на организацијата се поддршката на младински активизам за сексуално и репродуктивно здравје и права, како и родова рамноправност и градење на мирот во регионот на Источна Европа и Централна Азија и пошироко.

Oрганизацијата е произлезена  од  заедничка иницијатива на Фонд за население на Обединети Нации (УНФПА) и  Меѓународна мрежа Y-PEER. Организацијата има повеќе од 9 години искуство во воведување на врсничката едукација,сеопфатното сексуално образование (ССО),поттикнување младински активизам, соработка  помеѓу младите и возрасните, истражувањето, следењето и евалуацијата, обукати и размената на информации во областа на превенција од ХИВ и СРЗП на младите.

Токму на ова место многу научив пред се за себе и како можам да дадам својот максимум благодарение на огормната поддршка од страна на сите колеги од ПЕТРИ.Сигурна сум дека искуството што го стекнав ќе ми помогне многу во иднина и како и за професионален и  личен развој.

Како вчера да беше кога пристигнав во Софија. Го памтам мојот прв ден во канцеларијата на ПЕТРИ.Се појавив јас, со срамежлив поглед, лош англиски изговор но сепак превозбудена да почнам со работа и да направам нешто корисно за себе во животот.

После  поминати  два месеца,сфатив дека и доколку немав никакво искуство,тоа не ме спречи да ги достигнам моите цели. За многу кратко време, се стекнав со многу нови вештини и го подлабочив знаењата од англискиот  и бугарскиот јазик. Волонтирањето го започнав со работа во канцеларија на ПЕТРИ каде што моите главни задолжениа беа: уредување на статии, користење на социјалните мрежи за ширење на информации до младите на за сексуално и репродуктивно здравје и права,уредување на платформата “Speak Act Change”,па дури и подготовка на прирачник за активно застапување на младите и нивен активизам во барање на правата за  сексуално и репродуктивно здравје,како и организирање на на настан за Интернационален ден на младите.

Покрај работата во канцеларијата, во  соработка со други невладини организации, бев активно влучена како волонтер и  имав увид во проблемите во локаната заедница. Соработував со Фондација Иницијатива за здравје,кадешто работев со Ромска заедница  и корисници на дрога, како и  со Центар за здравје и социјален развој,кадешто имав прилика да работам со деца со потекло од маргинализираните групи во Софија.

Секако,покрај сите обврски,имав време да ја истражам Софија,како и да патувам во другите делови на земјата и да  откријам толку многу прекрасни места со културна и историска вредност. Можам да кажам дека Бугарија е културно шаренолика земја,каде што се запознав со различни луѓе,од сите делови на Европа па и пошироко.

ЕВС искуство ми донесе многу убави моменти и прекрасни спомени.Времето кое го поминав со нови пријатели,влијаеше на мене во позитивен правец и ми донесе можност да бидам поотворена за нови нешта, да усвојам нови навики, научам и прифатам нови култури, јазици  и последно но не помаку битно  да запознам и стекнам пријатели со различни претходни искуства и култури.

Сеуште ја помнам реченицата која ја сподели со мене Ивана, координатор на Волонерски Центар Скопје пред заминување во Софија:”За секого ЕВС е различно искуство.Ти го одлучуваш и го креираш времето поминато на ЕВС”.

Сега, сигрна сум дека тоа е сосема точно. Јас ја испишав уште една убава страница од книгата наречена “Живот”.

Неизмерно благодарна за приликата што ја добив. На секој  млад човек  топло му  препорачувам да се здобие со оваков тип на искуство и да ја напише својата страница.

Сузана Минов