Еразмус + е програма на ЕУ за поддршка на образованието, обучувањата, младите и спортот во Европа. Програмата  ќе им даде можности на Европејците да учат, да се обучуваат, да стекнат искуство и да волонтираат во странство. Еразмус + има можности за луѓе од сите возрасти, помагајќи им да развијат и да споделат знаење и искуство во институции и организации  во различни земји. Освен што има многу можности за широк спектар на организации, вклучувајќи ги универзитетите, спроведувачите  на образование и обуки, тинк-тенкови, истражувачки организации и приватни бизниси.

Целта на Еразмус + е да придонесе за реализација на  стратегијата Европа 2020 за поголем број на работни места, социјална еднаквост и вклученост, како и целите на Образование и Обуки2020 (ЕТ2020), стратегиската рамка на ЕУ за образование и обука.

Еразмус + исто така има за цел да го промовира одржливиот развој на своите партнери во областа на високото образование и да придонесе за постигнување на целите на Младинската стратегија на ЕУ.