Волонтерски Центар Скопје бара 5 Македонци кои сакаат да учествуваат заедно со млади луѓе од Бугарија, Чешка, Грција, Италија, Полска, Шпанија и Романија на младинската размена „FROM TRASH TO CASH“ во Буштени, Романија.

 

Место:

Буштени, Романија

 

Датум:

4-13 Декември 2019 година

 

За проектот:

Со овој проект сакаме да ја подигнеме свеста на младите за можноста од рециклирање со повторно искористување на отпадот и развивање на бизнис план што ќе ги искористи можностите за трансформација на отпадот во предмети што можат да се искористат и да се заработи од тоа. Целта на проектот е да се зголеми одржливиот развој на средината, квалитетот на живот на младите луѓе и вработувањето на невработените преку вреднување на отпадот и негово поввторно искористување.

 

Учесниците…

– треба да бидат помеѓу 17-25 години (лидерот над 18, без ограничувања)

– да зборуваат добро англиски јазик

– да не се на волонтерски сервис или студенти на размена

– родова еднаквост е препорачлива (2 девојки/2 момчиња)

– 2 од учесниците да се невработени

– да се толеранти и да прифаќаат други култури

– ќе платат партиципација од 5 евра

 

Проектот е финансиранод ЕРАЗМУС +, така да сите патни трошоци ќе бидат надоместени согласно со регулативата (275 евра за Македонци). Храната и сместувањето се обезбедени.

+++ За повеќе детали проверете го Инфо-пакетот и агендата! +++

Аплицирај сега! Испратете биографија и мотивациско писмо (на англиски) со одговори на следното: Кои сте вие? Колку години имате? Зошто сакате да учествувате на овој проект? Како може да придонесете на овој проект?

…до: vcs_contact@yahoo.com

И потполнете ја апликацијата!

 

!!! Краенрокзааплицирање: 16.10.2019 !!!