Волонтерски Центар Скопје е во потрага по 2 Македонци кои сакаат да учествуваат заедно со млади луѓе од Финска, Шведска, Норвешка, Данска, Велика Британија, Ирска, Шпанија, Италија и Романија на тренинг курсот „Creative writing as tool for community change“, во Струга, Македонија.

Место:

Струга, Македонија

Датум:

09.12. – 17.12.2019

За проектот:

Со тренинг курсот „Креативно пишување како алатка за промени во заедницата“ имаме за цел да ги зголемиме компетенциите на младинските работници и едукатори за истражување на начини со употреба на креативното пишување како алатка со која се соочуваме со проблемите и предизвиците во заедницата но и како алатка која дава можност на заедницата да ги изрази своите грижи, идеи или да создаде чувство на припадност во истите.

 

Учесниците…

– мора да се 22-30 години

– да зборуваат добро англиски

– треба да се младински работници (или да имаат врска со младинска работа)

– да имаат силен итерес за креативно пишување и мешукултурно учење

Проектот е финансиран од Еразмус+ па така сите патни трошоци ќе бидат надоместени согласно со регулативите на Еразмус+. Храната и сместувањето се обезбедени.

 

За повеќе детаљи проверете го инфопакот!

Аплицирајте СЕГА!

Испратете мотивациско писмо со одговор на сл. прашања:

Кој сте вие? На која возраст сте? Зошто сакате да учествувате? Како можете да допринесете за проектот?

и CV на англиски јазик на: vcs_contact@yahoo.com

 

!!! Краен рок за аплицирање: 04.12.2019!!!