You are currently viewing Повик за учесници на тренинг курс во Црна Гора!

Повик за учесници на тренинг курс во Црна Гора!

Волонтерски Центар Скопје бара двајца Македонци кои заедно со млади луѓе од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Естонија, Грција, Италија, Србија, Словенија и од Црна Гора сакаат да учествуваат на Еразмус+ тренинг курсот “#YouthToo – Gender based and sexual violence in love relationships of youngsters” во Црна Гора.

Место:

Бар, Црна Гора

Датум:

20.02. – 29.02.2020

За проектот:

Двете главни цели на проектот се: да се соберат 30 младински работници и активисти од 10 земји за да се подигне нивото на нивниот капацитет за работа во областа на родово базирано и сексуално насилство во љубовните врски меѓу младите луѓе и да споделат една од нашите вредности – љубовта, како појдовна точка за да го набудуваме светот затоа што ние силноверуваме дека луѓето кои се учени да сакаат, не можат да бидат лесна мета на оние кои сакаат да ги манипулираат.

Учесниците…

– мора да имаат над 18 години

– треба добро да зборуваат англиски

– треба да бидат младински работници (или на некој начин да бидат поврзани со младинската работа)

 

Проектот е финансиран од страна на програмата ЕРАЗМУС +, трошоците за патот ќе бидат рефундирани во согласност со регулативите на ЕРАЗМУС + (180 евра за Македонија). Сместувањето и храната ќе бидат обезбедени.

+++ За повеќе детали проверете во инфо-пакот! +++

Аплицирај сега! Испратете ваша кратка биографија и мотивационо писмо (на англиски јазик) во кое ќе одговорите на следниве прашања: Кои сте вие? Колку години имате? Зошто сакате да бидете учесник? Како можете да придонесете за овој проект?

меил: vcs_contact@yahoo.com

!!! Краен рок за аплицирање: 30.01.2020 !!!