Живот на море во Полска?! На 11 месеци во Гдањск.

Проектот се одржува од 8ми октомври 2018 до 8ми септември 2019 година во Гдањск, Полска. Место има само за еден волонтер.

Ќе бидете ангажирани во работа со лица со атипичен развој, ќе правите работилници за нив, курсеви за јазици на деца, градинарство како и работа на медиумски и маркетиншки алатки.

Повеќе информации можете да најдете на следниот линк EVS_in_FSI_Poland_2018-2019

Доколу сте заинтересирани да бидете дел од овој проект кој е дел од Еразмус + програмата и на кој ќе ви бидат покриени трошоците за пат, сместување и ќе добивате надоместок за храна и за живот во Гдањск, на кој ќе бидете осигурани и ќе добиете едно неверојатно животно искуство а од вас се бара посветеност на работа од околу 30 часа неделно, испратете ваша кратка биографија и мотивационо писмо на vcs_contact@yahoo.com најдоцна до 14ти септември 2018 до 16.00 часот.

Погледнете го светот со други очи и ги очекуваме вашите пријави.

Волонтерски Центар Скопје