Во рамките на Erasmus+ Youth in Action Program Western Balkan Window, со соработка на повеќе Европски држави, Волонтерски Центар Скопје како дел од работниот план и партнерство за имплементација на компонентата “КNOWLEDGE BEATS TABOOS” објавува повик за учество на обука од областа на сексуално и репродуктивно здравје.
Обуката се состои од дводневна работилница за запознавање со сексуално и репродуктивно здравје
– Полово преносливи болести
-ХИВ/СИДА
– Контрацепција
– Предности и негативности кај различните видови на контрацепција
- Youth Peer education
Обуката ќе се одржи на 14 и 15 Мај 2018 година во Скопје. Учесниците кои ќе ја поминат обуката, ќе добијат сертификати. Обуката е бесплатна и сите трошоци(материјали, храна и освежување) ќе бидат покриени од страна на Волонтерски Центар Скопје.
Ги покануваме сите млади кои:
- се на возраст од 15 до 19 години;
- сакаат да добијат информации во полето на сексуалното и репродуктивното здравје и права;
- сакаат да работат во тим, знаат да исполнуваат задачи навреме;
- се мотивирани да станат волонтери во ВЦС.
Заинтересираните најдоцна до Петок 11 Мај 2018 година треба да ја пополнат пријава за присуство на врсничка едукација на следниов линк.
Бројот на учесници е ограничен.
Во очекување сме на вашите пријави.
Со Почит
Тимот на ВЦС