Овие млади пропатуваа низ 5 држави: Албанија, Македонија, Сицилија, Грција, Турција со проектот “Get Empowered with Entrepreneurial spirit, Knowledge and Strategies” на кој повеќе од 100 млади разменија искуства, традиции, се стекнаа со претприемачки дух, знаење и стратегии, научени лекции, многу стекнати пријателства.
1 Првиот тренинг-курс, Корча, Албанија (28.06-2.07.2021)
На проектот “Young Geeks” партиципираат 40-ина учесници од Македонија, Албанија, Турција, Грција и од Италија.
„На проектот учиме за бизнис-идеи, како да поттикнеме нов бизнис, како да заработиме пари и како да го промовираме нашиот бизнис. Интересен проект што ќе ни помогне да сфатиме како функционира светот на бизнисот. Што се однесува до градот – тука сме за првпат, но многу ни се допаѓа, особено насекаде мириса на липа“, велат Филип, Иван и Јована.
2 Вториот тренин-курс, Струга, Македонија (12-16.07.2021)
Целта на проектот беше креирање бизнис-идеи, поттикнување на сопствен бизнис и негова промоција.
3 Студиска визита, Ното, Сицилија (29.09-2.10.2021)
Младите имаа можност да слушнат успешни бизнис идеи и креативни бизнис решенија од посетата на фарма за органско производство и винарија, каде и дегустираа вино, од разговорот со локален бизнисмен како успеал и го развивал бизнисот, од разговорот со градоначалникот на Авола, како иновациите се промовираат во регионот и од Обуката- дискусија за startup развој. Учесниците Филип, Димитриј, Зоран, Даријан, Албин, Егзон, Иван и Паскал, како што велат, се презадоволни од проектот и воодушевени од убавината на знаменитостите додека шетале низ градовите Ното, Авола и Сиракуза, градови со богата римска историја, култура, амфитеатри и барокна архитектура.
4 Студиска визита, Атина, Грција (9-12.11.2021)
Младите имаа можност да слушнат успешни бизнис идеи и креативни бизнис решенија од посетата на Sheida Home, општествено претпријатие кое изработува рачно изработени предмети од рециклирана хартија. Посетата на ресторанот за бездомници и книжарницата Second Hand беше многу интересно искуство. Книгите на грчки, англиски и француски јазик беа достапни за продажба и само за 1 евро сите ученици купија книга со што дадоа мал допринос за бездомниците. Сопственикот го претстави бизнисот и нивната идеја за помош на бездомниците во Атина.
5 Финална конференција, Анкара, Турција (3-5.02.2022)
Имаа можност да слушнат успешни бизнис идеи и креативни бизнис решенија, но и воодушевени од убаввината на Анкара, од сместувањето во Green Park Hotel 5 (star) во самиот центар на Анкара, од посетата на многуте знаменитости, посебно од Маузолејот на Ататурк.
„Овие патувања беа незаборавни, ќе ги памтиме цел живот, ќе им раскажуваме на внуците“ – велат учесниците.
Партнери на проектот:
Associazione culturale Usamborgia (Сицилија)
Волонтерски Центар Скопје (Македонија)
System and Generation Association – S&G (Турција)
Equal Society – Κοινωνία Ίσων Ευκαιριών (Грција)
Creative Business Solutions – имплементатор (Албанија)