YiA in Practice: Learning through Generations

Сакате да учествувате на меѓународен тренинг курс? Да станете ЕВС (Европски Волонтерски Сервис) волонтер? Да отриете други земји и култури преку младинска размена?

Не знаете од каде да почнете?

Дојдете во сабота 17 март 2012 година во ЕУ Инфо Центарот на интерактивна презентација за Програмата Млади во Акција. Ќе почнеме во 11:00, и во текот на 2 часа ќе имате можност да научите повеќе за Програмата Млади во Акција и нејзините различни акции (обуки, младински размени, ЕВС). Исто така за време на настанот ќе имате можност да се сретнете со ЕВС волонтери од Волонтерски Центар Скопје кои доаѓаат од различни земји  како Велика Британија, Полска или Франција и да откриете како тие гледаат на Македонија. Настанот е отворен за сите млади луѓе, младински работници или лидери кои би сакале да дознаат повеќе за Програмата Млади во Акција. Работниот јазик на настанот ќе биде англиски.

Каде: ЕУ Инфо центарот, Мито Хаџивасилев Јасмин 52в, 1000 Скопје
Кога: 11:00-13:00, сабота 17 март 2012