You are currently viewing Добредојде за Лукаш од Словачка!
Lukáš, Slovakia

Добредојде за Лукаш од Словачка!

Здраво, јас сум Лукаш! Имам 26 години и доаѓам од Словачка, но повеќе од шест години живеев во Чешка, каде студирав. Имам една магистерска диплома по социјално образование и советување, како и една за обука за издржливост и кондициски тренинг.

По дипломирањето, волонтирав четири месеци во Франција преку програмата Workaway, што не само што ми помогна да го подобрам францускиот јазик, туку и ми овозможи да запознам многу љубезни и интересни луѓе. Мојот интерес за други видови на волонтирање ме одведе во Грција на мојот прв ЕСК-проект, каде поминав еден месец помагајќи во организација на младински фестивал.

Јас сум љубопитен човек и во слободно време снимам и продуцирам два подкасти. Едната е на чешки и на словачки јазик, што го правам повеќе од четири години со досега реализирани 37 епизоди. Другото, на англиски, се вика „Listen Insight Dialogues“. И во двете, интервјуирам луѓе на теми што ги сметам за важни и интересни, почнувајќи од психологија и психотерапија до едукација за животната средина, ненасилна комуникација, медитација и поезија.

Моите хобија вклучуваат физичко и ментално здравје, образование, комуникација, личен развој, внимание, социјални прашања и уметност. За да се опуштам и да се наполнам, сакам да поминувам време во природа – шетање по шуми и пешачење. Уживам и во поезијата и наоѓам смисла и убавина во моментите од животот..

Лукаш Сабол

Лукаш ќе волонтира во ВЦС во следниот месец преку краткорочен ЕСК-проект.

Организација-испраќач: KERIC